четврток, декември 19, 2024
домаНасловнаВо неделата 61 новозаразен во Црна Гора, се размислува за затворање на...

Во неделата 61 новозаразен во Црна Гора, се размислува за затворање на Подгорица

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во неделата потврди 61 нов случај на коронавирус во Црна Гора, се размислува за затворање на главниот град, изјави здравствен извор. Сега во земјата има 459 заразени, што е скоро за третина повеќе отколку во првиот бран, кога 324 Црногорци се заразиле со коронавирус од средината на март до почетокот на мај.

„Од 61 новооткриен случај, 46 се контакти на претходно потврдени случаи, за 14 пациенти се бара изворот на инфекцијата, а еден случај е увезен“, соопшти црногорскиот Институт за јавно здравје.

Иако бројот на пациенти по глава на жител е најголем на северот на Црна Гора, во општините Рожаје, Гусиње, Беране и Бјело Поље, кои се наоѓаат на границата Црна Гора-Србија-Косово, членот на медицинскиот персонал и директор на здравствени центри во Подгорица Небојша Кавариќ не исклучува можност за затворање на главниот град на Црна Гора, каде во моментов се активни 118 случаи на зараза со коронавирус.

„Загрижувачка е епидемиолошката состојба и растот на бројот на пациенти во Подгорица. Доколку граѓаните не се одговорни и не ги намалат нивните дневни обврски, ние ќе предложиме со воведување дополнителни мерки за подрачјето на Подгорица, не исклучувајќи ја опцијата за затворање на главниот град, иако тоа е во доменот на епидемиолошката служба “, рече Кавариќ за Радио Црна Гора.

Црна Гора беше прва во Европа која се прогласи за држава без корона. Сепак, по 42 дена без потврдени нови случаи, вирусот Сарс-КоВ-2 го донеле во Црна Гора нејзините државјани кои по престојот во Србија се вратиле во татковината преку Босна и Херцеговина и избегнале карантин со тоа што не пријавиле во граничната полиција дека престојувале во Белград.

На Црногорците им треба лична карта за да ја преминат границата со Србија и БиХ.

На 1 јуни Црна Гора ги отвори своите граници кон сите земји со број на активни случаи помал од 25 на 100.000 жители, а од 1 јули црногорските граници се отворени за сите граѓани на државите од Европската унија. Оттогаш, повеќе од 350.000 патници влегле во земјата, според претходно објавените полициски бројки. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ