понеделник, декември 23, 2024
домаЖивотВо пресрет на Ноќта на вештерките

Во пресрет на Ноќта на вештерките

Во пресрет на„Ноќта на вештерките“, а кој се празнува секоја година на 31 октомври., влече свои корени од Ирска, каде Келтите биле многу заинтересирани за духовниот свет и за тоа како да имаат поголем пристап до него. Често ги имитирале боговите во покажување мудрост и итрина, а исто така и им помагале да ги победат непријателите во битките кои ги воделе...

Вечерва на полноќ започнува „забавата“ наречена „Halloween“. Додека црквата ваквиот обичај го карактеризира како пагански, младите ширум светот одлично се забавуваат резбајќи тикви и маскирајќи се.

Како всушност започнало сè?

Почетоците на одбележувањето на Ноќта на вештерките датира уште од петтиот век п.н.е., кога старите Келти ги славеле богот на Сонцето и господарот на Смртта. За нив, 1-ви ноември означувал почеток на новата година. Келтите верувале дека во текот на таа ноќ мртвите ги напуштаат своите гробови и шетаат по Земјата, а за да го избегнат соочувањето со нив, луѓето правеле голема бучава и се прекривале со застрашувачки маски. Се верувало и дека мртвите доаѓаат по храна, па пред своите куќи таа вечер оставале издлабени компири и репки.

Кој е виновен за тиквите ?
Обичајот на длабење на тикви за Ноќта на вештерките датира од 16-иот век, а се заснова на ирската легенда за екстремно скржавиот ковач Џек кој за време на својот живот во повеќе наврати го измамил ѓаволот. Кога умрел не сакале да го примат во Рајот заради грешниот живот, а ни ѓаволот не сакал да му отвори врата од Пеколот заради претходните измами. Од ѓаволот Џек добил неколку жарчиња кои ги ставил во издлабена тиква и така, како симбол на проклета душа, продолжил да лута помеѓу световите.

Зборот „Halloween“ потекнува од Католичката црква

И самиот збор „Halloween“ датира од 16-иот век, а колку и да се обидува да се огради Црквата од тој „пагански обичај“, потекнува токму од Католичката црква – настанал со спојување на зборовите„ All-Hallows-Evening“ (вечер пред празникот на Сите светци).

Комерцијализација на Ноќта на вештерките

Иако сè до 19-иот век, кога обичајот на прославување на Ноќта на вештерките стигнал во Америка, тој ден веќе се одбележувал во разни други земји, со стапнувањето на американско тло стигнала и комерцијализацијата. Денес Ноќта на вештерките ширум светот се одбележува со организнирање на големи забави со маски, а многу луѓе се натпреваруваат и во тоа кој поубаво ќе го издекорира својот двор и дом во духот на овој ден.

И додека во западано европските држави многумина го слават  во земјите од источниот блок вваквите празници стануваат трн во око на кознервативцие, па така, оваа година празнувањето на Hallowen е забрането во повеќе бугарски градови.Кај нас, во некои ноќни клубови се прославува, но пред се како добра забав за младите без притоа да се познава суштината и историјата на празникот.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ