петок, јули 26, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЖените можат! - платформа за креативно практицирање на женско културно и социјално,...

Жените можат! – платформа за креативно практицирање на женско културно и социјално, интердисциплинарно самојакнење

ЖЕНИТЕ МОЖАТ! е проект кој таргетира и вклучува жени, девојки и девојчиња од сите генерации, и деца на жени-мајки, кои се интересираат за креативно практицирање на женско културно и социјално, интердисциплинарно самојакнење.

Прокетот ЖЕНИТЕ МОЖАТ! има за цел да ги зајкне учесничките, да ги информира и стекне со знаење и вештини за разбирање на родовите нееднаквости, во контекст на општественото функционирање, но и во контекст на индивидуалните права.

Повикот се однесува акцентирано на девојки и жени кои сакаат да вложуваат и да се посветуваат на своите интелектуални и креативни капацитети.
Особено се обраќаме кон девојките и жените кои се дел од малцински или специфични групи: сингл мами, девојчиња од еднородителски семејства, од етнички или верски малцинства, со посебни развојни потреби, потекнуваат од специфични семејни конструкти, имаат сексуално табуизирани определби, имаат повеќе деца и помалку време за наобразба на себе, сакаат да бидат дел од женското движење, активистки, блогерки, „гејм ченјнџерки“, волонтерки од граѓански организации, уметнички, графички дизајнерки, фотографки на социјални приказни, раскажувачки и девојки и жени кои имаат социјален ангажман или професија кој вклучува женски права, креативност, современи филозофки, урбани воинки, или се дел од образовни тимови за деца и млади.

ЖЕНИТЕ МОЖАТ! воведува уникатни, креативни приоди и методологии за да ја подигне свеста на учесничките за различните нерамноправни улогуги и одговорности на жените и мажите во секој поединечен контекст.
Исто така, проектот овозможува граѓанска едукација за правата, потребите и препораките за воспоставување на родова еднаквост, преку теоретски, практични и креативни интердисциплинарни, неформални работилници.

Работилниците се одвиваат два пати во месецот, по три часа, во најголема мера во просториите на „Концепт центар Една може!/Една прави“, кај Цветен пазар, Центар, Скопје. На истите имате можност да присуствувате со деца, кои ќе бидат менторирани низ работилници за креативно изразување.

Датум: од 10.03.2018. Работилниците се секоја втора сабота од почетниот датум, до крај на 2018; a часовите ќе се одржуваат од  17:00 – 20:00;
Краен рок за аплицирање: 07.03.2018 на следниов линк https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd9nK07PaohfHacxzhrHNiPfwvcpIjEXkGbdkcTlzc6_Tpkcw/viewform

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ