петок, јули 26, 2024
домаЧеститка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите

Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите ‒ 8 Април, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија.
„Почитувани сограѓани Роми,
Дозволете ми да ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, и да ви посакам добро здравје, среќа и бериќет. Искажувајќи ја својата почит кон ромската етничка заедница како нераскинлив дел од македонското мултиетничко општество, би сакал да ви се заблагодарам за вашиот придонес за развојот и за напредокот на нашата заедничка татковина.
Токму на овој значаен празник не само за ромската заедница, туку и за сите наши граѓани, би сакал да упатам апел и понатаму ревносно да работиме за решавањето на сите предизвици со кои се соочуваат нашите сограѓани од ромска националност. Со задоволство можеме да се пофалиме дека имаме градоначалник Ром во општина во која ромскиот јазик е официјален и постојано присуство на Ромите во државните институции и во јавниот и општествениот живот. Сепак, мораме да потенцираме дека проблемите со кои се соочуваат Ромите, како што се пристап до здравствена заштита, образование, домување, ги вбројуваат во социо-економски ранливите групи и затоа треба посветено и без импровизации да се бара излезно решение.
Заедно и сложно да се справиме со сите отворени прашања, градејќи просперитетна и сигурна иднина за секого.
Нека ни е честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!“, порача во честитката претседателот Пендаровски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ