четврток, април 25, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЖЕНСКИ ПРИКАЗНИ: Од национализам до неиздржливо насилство врз сопругата!

ЖЕНСКИ ПРИКАЗНИ: Од национализам до неиздржливо насилство врз сопругата!

Неговиот национализам, и национализмот на соседите ја почна, ја подгреа таа приказна, и ја донесе во погрешен правец А тој не можеше да и прости на сопругата за дамнешната одлука, целата вина ја фрлаше врз неа.

Милан беше Србин. Изразит. Во времето кога добил стипендија, од Шабац да дојде да студира на Шумарскиот факултет во Скопје, бил мета на девојките. Убав, висок, развиен, со елеганден од, прекрасна широка насмевка,  темен тен и неодоливи продорни зелени очи. Вистински маж.

Уште во првата недела, кога дошол во Студентскиот дом во Скопје, во очи му влегла грациозната Струмичанка Парија, со шарм налик на Гркинка од стариот период.

Гордо чекорела пред него, додека тој дофрлувал по неа во ходникот и во мензата, а останатите девојки и завидувале и воздивнувале по него.

Името и беше дадено по некоја прабаба која се истакнувала со својата храброст во времето на комитите на кои им се придружила, а Парија, чиниш сакаше да ја имитира, одеше со гордо крената глава, како да носи круна.

Не било тешко да се вљубат еден во друг, за само неколку недели се споиле, и си ветиле дека никогаш нема да се разделат. Младата двојка, набрзо, добила шанса да се вработаат во Скопје- таа како сметководителка, зошто само што го почнала Факултетот по социологија, а тој како трговски патник во позната фирмата за чоколади.

Љубовта и бракот им било поважно од школувањето, со што воопшто не се согласиле нивнит родители. Родителите на Милан дури инсистирале тој да се врати во Шабац, каде тие се би сториле да се образова, ако треба и на нивна сметка, ако треба и со стегање на сите финансиски вентили дома. Тојодлучил да живее во Скопје со Парија, други времиња, веднаш добиле општествен стан, а по една година се радувале и на синот што им се родил, Марко.

Набргу потоа дошло распаѓањето на Југославија, и повторно повик од семејството Милан да се врати во Шабац, но нивниот син веќе тргнал во градинка и Парија никако не сакаше сега одново да му ги промени биоритмот и навиките на малото детенце.

-Ќе ни биде убаво и во Шабац, ајде да си одиме. Србија е сепак поубава од Македонија, ја убедувал Милан, додека таа отсечно одмавнувала со главата.

Темпераментниот син веќе бил на прагот на тинејџерскиот период, кога бракот на неговите родители почна да крцка поради тоа што Милан преку ноќ ја изгубил работата, поточно се распаднала фирмата во која работел.

Анимозитетотот кај соседите кон тоа семејство се појавил кога слушнале муабети дека Милан, во последно време за да преживее шверцува оружје од Војводина, иако тоа остана не до крај испитано и непотврдено. Дополнителна причина за револт кон него било што тој веќе , од ден на ден се поизгубен, почнал на сите да им  само на српски јазик, а во принцип дотогаш, на својот мајчин јазик зборувал само дома.

Сето тоа предизвикало нетрпеливост и раздор,  соседите се поделиле во два табори. Некои го оправдувале поради фактот што националното потекло му е српско, другите го обвинувале, бидејќи на македонско тло очекувале и тој да зборува исклучиво на македонски јазик.

-„Србија до Токио“, му довикувал провокативно на соседот Станко, додека тој му возвраќал „Македонија до Индија, а и Сонцето е од Македонија!“, а Милан му покажувал средне прст.

Онаа љубезна изрека „Бомбони и чоколади за вас, мој дрга сосед“, ја заменил со “Бомби и  кал за вас“, што ја мрморел толку тивко, како за себе, ама доволно гласно за соседите кои поминувале покрај него да го слушнат.Стрпливата сопруга кога видела дека работите не одат на добро, прифатила да заминат во Шабац.

-Каде да одам сега назад вештерке една, со празни џебови, и довикувал на српски јазик. Мене веќе овде ми се потсмеваат соседите кога се запишувам во локалната продавница за цигари, а не во Шабац, каде важев за момче број еден. А ти си виновна за се! Тииии? А што да оечкувам од Македонка? Да биде домаќинка, паметна, разумна? Во неа нема ништооооо добро, празна е таа“, го повишувал тонот.

Караниците добиле на интензитет кога Парија , наговорена од соседите, почнала да го убедува да почне да зборува пак на македонски јазик,  а таа вечер тој толку се разлутил што почнал да крши се пред себе, за да по десеттина минути, соседот под нив, брзо- брзо повикал полиција.

Тоа било шок за синот.  Поведен од објаснувањата на татка си дека сето тоа е поради фактот дека тие се Срби, најдобра нација на светот, кај синот се јавил револт и побуна кон соседите, која ја изразувал со испишување на графити на српски јазик.

-Ништо вие не ни можете на нас Србите, ако треба и со оружје ќе ви покажеме јас и татко ми, го испишал ова една вечер пред легнување на влезната врата.

Сосетката Магдалена, од приземје го избришала, но пред тоа го видела паничната Вера од трети кат, го фотографирала и направила вистинска драма. Со фотографијата од стан до стан, агитирала тоа семејство да биде избркано, пред да се случи драма од поголем размер.

-Еве како ни се закануваат, тврдела таа. Сакате некое утро да не се пробудиме, да не разнесе бомба!? Ете тоа сакате. Ајде да земеме сите сложно, да ги избркаме нив тројца, велела таа.

Милан, пак, со смеење го прифатил гестот на синот, додека Парија го карала. Караниците во домот станувале се позачестени. Притисокот од соседите се посилен. Марко пак, смислил нов  начин како да им покаже на соседите кој е кој- кога тие заспивале им ги кршел на прозорци со камења, плукал по минувачите преку тераса, фрлал со предмети, пуштал прегласна американска рап музика во доцните вечерни и раните утрински часови. Врв на лудото однесување било нападот со нож врз неколку години постариот сосед од станот над нив, кога му рекол- „Знаеме дека ти ги правиш сите овие штети, набрзо ќе ти пресудиме, за Србите нема леб овде“, за што навбрзо бил повикан во Полиција, заедно со својот родител..

Татко му Милан, во тој период, веќе биле иселен од станот, но кога дознал за тоа не можел никако да го амортизира бесот и гневот во себе кон соседите, се вратил во домот и  се заканувал од стан до стан дека има бомби и дека ќе ги употреби за нив, а на сопругата дека таа ќе плати за сите Македонци.

Парија плачела без прекин во тие месеци, а за шамарите и физичките напади кои ги добивала од Милан, во налет на бес, никому не кажувала, иако и тоа веќе се забележувало на нејзиното лице и тело.

-Ти си виновна за се. Ти си Македонка и ти треба да платиш. Мојот син е Србин и не давам Македонци да ми го вознемируваат, ме разбра ли убаво?!

Ситуацијата излегла од контрола кога една вечер кога Милан, по телефонскиот повик на Марко дека соседите пак го опоменувале да се смири,ако не ќе го избркаат,  на полноќ пијан дошол во станот, кренал рака врз Парија, трескајќи и ја главата од врата, а сето тоа набрзо било спречено од Полицијата која дошла, и додека Парија ја освестувале од паѓањето во несвест, тој завршил во притвор.

Парија и синот избегале на неколку месеци, се засолниле кај некои пријатели, но никој не знае каде. Милан се заканил дека, кога ќе излезе од притвор, ќе расчисти со неа, вштерката на неговиот живот, иако, Парија, немаше ама баш никаква вина .

Се завршило добро, колку што може, кога тинејџерот Марко пребегал во Америка, со  незавршено средно образование,  прво да работи на брод , но потоа се смирил и се реализира како вреден работник на бензиска пумпа во Лос Анџелес.

Набргу потоа и Парија избегала во Америка, но преку една Црква, која во тоа време регрутирала нови верници и им давала шанса да заминат од Македонија.

Милан се преженал по неколку години, а станот кој бил општествен, им го одзела државата зошто немале платено за откуп. Соседите често велеле- во оваа мирна зграда главната галама доаѓаше од тој стан. Најдобро е да остане заклучен, да не се продаде, да не не потсетува на драматичните и непроспиени ноќи кога стравуваме дека ќе се разбуди одек на бомба!

Валентина Ѓоргиевска Парго


(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ