Фото EPA-EFE-SUSANNE-HASSLER-SMITH

Со оглед на тоа што Австрија беше првата земја во Европа што воведе задолжителна вакцинација за сите, во Виена беше објавено дека сите мерки за борба против Ковид 19 ќе бидат суспендирани од 5 март.

На сила ќе остане само мерката за носење маски на одредени места, јавуваат австриските медиуми.

Како што претходно беше најавено, Владата заедно со гувернерите на провинциите треба да донесе одлука за натамошно олеснување на мерките со објаснување дека состојбата во болниците и покрај големиот број новозаразени, е стабилна.

Денеска учесниците на средбата сакаат да го прогласат 5 март за „Ден на слободата“, по примерот на Велика Британија. А.Р.