четврток, април 25, 2024
домаНасловнаАустрија ерлајнс ги откажа сите летови од среда до 28 Март

Аустрија ерлајнс ги откажа сите летови од среда до 28 Март

Австрија ерлајнс одлучи привремено да ги прекине сите редовни операции на летање почнувајќи од среда вечер, 18 март 2020 година. Овој потег е како одговор на забраните за влез во целиот свет и на брзиот пад на побарувачката за воздушно патување.

Последниот авион ќе биде летот од Чикаго број ОС 066 кој треба да слета во Виена на 19 март 2020 година во утринските часови. До тогаш, операциите на летање ќе бидат намалени на контролиран и структуриран начин, со цел да се соберат сите патници, екипи и авиони доколку е можно.

Првично, „Австрија ерлајнс“ ги откажува сите летови до 28 март 2020 г.

Патниците кои имаат купено билет или се веќе тргнати можат да контактираат со Федералното Министерство за европски и меѓународни работи. Австрија ерлајнс е во контакт со австриското Федерално министерство за европски и меѓународни работи за да ги разјасни прашањата поврзани со работењето на дополнителни летови за евакуација за да ги врати Австријците кои се во странство.
Поради оваа причина, „Австрија ерлајнс“ ги замолува сите Австријци кои се заробени во други земји и кои сакаат да се вратат дома да стапат во контакт со телефонската линија на Федералното Министерство за европски и меѓународни работи на +43 1 90115 4411.

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ