Фото РТЦГ

Евакуирани се околу 1.000 вработени во пристаништето Бар, Порт оф Адра и други компании кои работат на подрачјето на најголемото црногорско пристаниште поради анонимна дојава дека е поставен експлозив, пренесе „Блиц“.

Денеска околу пладне во седиштето на Радио Бар од непознат број се јавило машко лице кое изјавило:

– Ова е анонимен повик. Поставен експлозив во пристаништето Бар, ако не ја известите полицијата, за 10 минути цел Бар ќе лета во воздух – и ја прекинало врската, пренесе ДАН.

Директорката на ЈЛЕ Радио Бар, Весна Шошкиќ веднаш го известила началникот на полицијата Веселин Табаш, кој во вакви случаи ги презел сите мерки согласно процедурата.

Полицијата ги контролира сите возила кои излегуваат од пристаништето.

Потврдено е дека се чекаат специјализирани екипи од Подгорица. А.Р.