„Ние не се сме не работнички, и ние сме жени со коариери и ние сакаме да се вратиме на работа, но децата некој мора да ни ги згрижи …„ со солзи во очите реагираше една од 150те мајки кои попладнево протестираа пред Владата на РСМакедонија со цел да ја убедат Владата да го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести продолженото породилно отсуство да биде продолжено до 31 декември.

Мајката уште кажа дека денеска пред владината зграда се толку колку што се, бидејќи голем дел од мајките се откажале дадојдат поради притисоците што ги имале од работодавачите кои им се јавувале и им се заканувале да не излезат на деншниот протест.

А на протестот дојдоа оние кои можеме и испорачаа прашања на Владата и побараа неодложно продолжување на породилното до 31 декември.

На протестот се излезени околу четириесетина родителите со транспаренти во раце, а на нив пораки со содржина: Дали вашите деца ќе ги пуштите во градинка?, Вашите деца не се поважни од нашите?, За нашите деца ги спремавте монтажните болници?, Комисијата за заразни болести не ви е валидна?.

 Милена Дабеска Симовска, една од мајките кориснички на продолжено породилно остуство ги постави јавно прашањата и барањето кое го имаат до Владата, притоа потенцирајќи дека родителките се загрижени дека нема да се зголемат групите од 6 на 12 дечиња. Меѓу другото мајката објасни дека протестираат бидејќи:

1. Во пракса нема да се изведе зголемување на број на деца во група од 6 на 12 зашто ниту има време доволно да се обезбедат простор/кадар ниту градинките имаат капацитет, така што сѐ ќе остане само во теорија, а во пракса одговорот кој ќе го добиеме од градинките ќе биде: Не запишуваме нови деца, капацитетот е пополнет, за кое сведочат и стотици мајки кои оваа година се обидоа да ги запишат своите деца во градинка.
1.1 Како ќе се запазат протоколите и зошто истите се сменети кога согласно истите е заклучено дека безбедна група за деца 0-2 години е да се по 6 во група, а не 12?
2. Периодот на адаптација за бебе да тргне во градинка и да се научи на јадење храна и негувателки е минимум месец дена, а не 1 недела.
3. Кога ќе бидат повторни уписи за оние деца чии мајки за време на уписите беа на породилно и без потреба да ги запишат децата во градинка?
4. Во време на пандемија е огромен ризик да се изнајми лице да го чува детето, а баби/дедовци се кревка категорија.
5. Огромен број мајки ставени меѓу два огна – дали да се борат за финансиска егзистенција или добробит на најмалите – ќе ги изберат своите деца и ќе дадат откази за да може да ги чуваат


6. Во период кога пандемијата беше на најниско ниво важеа построги мерки и полициски часови, а сега кога бројката на починати и заразени е во постојан пораст а се јавува и фактор сезонски грип, се ризикува здравјето на најмалите
7. Кој ќе ја покрие платата на мајката која се вратила на работа доколку во група во градинката се појави заразен случај и детето како и цело негово семејство треба да одат во изолација?
8. Како ќе се обезбедат капацитети за заразени деца, зашто како што е познато малите во градинка се без имунитет и во сезона на обичен грип најголем дел од нив се болни со недели, а не во период на глобална пандемија, кога за деца е предвидена само болницата Козле?
9. Во период кога сите земји и соседи интензивно се подготвуваат за есенскиот појачан бран на вирусот, зошто на ризик се ставаат кревките категории и се враќа се во нормала?“ 

По ова мајките симболично оставија шишенца за млеко пред владината ограда и најавија дека ќе се борат за нивните деца до крај, а до колку не им се одговори на барањата нема да престанат со протести и наредниот го најавуваат за понеделник.

Во меѓувреме министрите Шахпаска и Филипче ги примија и сослушаа, за да им порачаат дека нивните барања ќе ги достават до Владата, но потенцирајќи дека со отворањето на Владата нивните барања се беспредметни. Притоа не им одговорија на засегантите мајки каде има слободни места, односно дали децата од Скопје треба да ги носат во другите градови каде што има празни места и дали зголемувањето на групите јасли од 6 на 12 деца е според протоколите?

Денеска протестираа и мајките во Битола, Прилеп, Кочани, Охрид…и сите заедно најавуваат дека не сакаат ниедна друга мајка да биде приморана да си даде отказ како 150-те мајки кои тоа мораа да го сторат поради Одлуката на Владата да ги врати на работа…Ќе се борат до крај, велат, и најавувват нов протест во понеделник доколку во меѓувреме Владата не ги исполни нивните барања.

Н.Доковска