Од синоќа 15 првачиња од ОУ „Гоце Делчев“ од општина Центар се ставени во 14 дневна самоизолација, откако нивните наставнички се заразиле со коронавирусот.
Како што дознава ТЕХТ.МК од родители на деца кои го посетуваат одделението, заразени се двете одделенски наставнички. Родителите стравуваат од ширење на заразата, поради тоа што децата покрај тоа што биле во контакт со наставничките тие дома биле во контакт со родителите, бабите и дедовците.
Од општина Центар го потврдуваат настанот, а најавуваат повеќе информации во текот на денот.
Н.Д.