понеделник, март 17, 2025
домаНасловнаПочина креаторот на „Нутела“

Почина креаторот на „Нутела“

Франческо Ривела, хемичарот на „Фереро“ и еден од клучните луѓе во создавањето на светски познатиот намаз од лешник и чоколада, почина на Денот на вљубените – точно десет години по смртта на основачот на „Фереро“, Микеле Фереро.

Италијанските медиуми го нарекоа „татко на Нутела“ бидејќи значително придонел за развојот на овој легендарен производ.

Ривела е роден во Барбареско, Италија, а почна да работи во „Фереро“ во 1952 година – пред компанијата да стане светски гигант.

Откако дипломирал хемија на Универзитетот во Торино, на 25-годишна возраст почнал да работи во „хемиската лабораторија“ на „Фереро“, каде што биле создадени некои од најпознатите производи на брендот.

Тој беше дел од тимот одговорен за проучување на суровини и развој на нови производи. Тие мешаа, рафинираа и тестираа состојки во потрага по совршени вкусови.

За време на неговата долга кариера, Ривела се искачи на високи менаџерски позиции во компанијата. Тој беше десна рака на Микеле Фереро и тие тесно соработуваа.

Новинарот Џиџи Падовани во својата книга „Mondo Nutella“ (Светот на Нутела) се сеќава дека двајцата патувале низ светот за да купат слатки – „не за да ги копираат, туку за да ги подобрат“.

Ривела исто така беше пријател на италијанско-еврејскиот писател, хемичар и преживеан од Холокаустот Прим Леви.

Тој исто така служеше како претседател на Редот на хемичарите Пиемонт, според извештајот на „NeedToKnow“.

По пензионирањето, живеел во Алба, каде се посветил на овоштарството и традиционалната игра палапуњо. Ривела била вдовец, а зад себе остави три сина, ќерка и седум внуци. Неговиот погреб ќе се одржи денеска во Алба каде што живееше, а ќе биде погребан во Барбареско. Т.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ