Германската канцеларка Ангела Меркел бара зајакнување на мерките за заштита од корона вирусот. Според последните мерки, од 4 ноември следи затворање на рестораните и кафулињатa, односно ќе може да се купува храна за носење и нема да може да се седи внатре, пренесува „Ројтерс“. Германија планира да ги заостри мерките на сите полиња, а да останат отворени само училиштата и градинките.

„Ројтерс“, повикувајќи се на „Билд“, пренесува дека Меркел сака да ги затвори и фитнес-локалите, казината, кината, театрите, операта и да забрани концерти, а продавниците да бидат отворени доколку одржуваат хигиена и да го ограничи бројот на присутни во затворен простор. Германците ќе можат да излезат на улица, но само во присуство на членовите на нивното семејство. Оние што не ги почитуваат мерките ќе бидат казнети, но се уште не се објавени висините на казните. Хотелите ќе можат да примаат гости, но само во посебни случаи и услов е тие да не бидат туристи.

Свесни дека затворањето ќе доведе до финансиски колапс на компаниите, федералната влада планира да обезбеди финансиска поддршка за компаниите кои ќе бидат погодени поради затворањето, додавајќи дека оваа програма ќе биде претставена пред јавноста попладнево.

Н.Д.