домаПовторно силен земјотрес вооколината на Петриња

Повторно силен земјотрес вооколината на Петриња

Како што јавуваат хрватските медиуми попладнево нешто по 18 часот нов земејотрес ја стресе Хрватска. Според првите информации, земјотресот, кој силно се почувствувал во Сисак, Петриња, Велика Горица и Загреб, бил со јачина од 5 степени според Рихтер. Епицентарот бил во близина на Сисак.

Во Петриња, луѓето трчаа од своите домови до улицата. Се слушаат сирени – јавува 24сата.

Нема информации за евентуални жртви и повредени во новиот потрес, кој траел околу 10 секунди и се почувстувал и во Босна и Херцеговина.. Првично медиумите објавија дека јачина на потресот бил 5,3 степени, но потоа се коригираа потврдувајќи дека силината на потресот бил 5 степени.

Во земјотресот од 6,2 Рихтерови степени, кој го погоди регионот минатата недела, загинаа седум лица, а околу 9 илјади објекти беа уништени.             Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ