среда, ноември 20, 2024
домаЖивот60 вагони со ѓубре од Англија пристигнaа во Бугарија, дали Македонци пак...

60 вагони со ѓубре од Англија пристигнaа во Бугарија, дали Македонци пак се вмешани во трговијата со отпад

60 вагони со отпад пристигнал во селото Бели Извор, во општина Вратца, во Бугарија, последните неколку дена, пренесува БНР. Според информацијата од националното радио отпадот бил транспортиран во неколку наврати, а бил најавуван како суровина која ќе се користи како гориво за активности на цементарницата кај Вратца.

Според компанијата примател и компанијата ангажирана да го транспортира товарот од Варна до Вратца, пратката пристигнала од Англија и сама поминала низ целата процедура за безбедност, но никој не кажува која е фримата испорачател на отпадот. Неофицијално се споменува дека повторно се јавуваат македонски државјани како сопственици на фирмата за извоз на отпад од Европа, но нејзиното име никој не го споменува.

Компанијата увозник, пак, признава дека отпадот долго време го користи како гориво за својата активност – а за таа цел се снабдени со потребните филтри кои не дозволуваат во атмосферата да се испуштаа канцерогени материи од процесот. Од увозникот има потврда дека вагоните со отпад биле проверени  од еко-инспекција во Вратца, кои дале дозвола за нивни транспорт до фабриката Бела пролет.

Компанијата ангажирана пак да го транспортира отпадот не известува колку тони рециклиран материјал донел во установата.

Само колку за потсетување, пред неколку недели во Бугарија се откри влез на големо количество небезбеден отпад, увезен од фирма во сопственост на бившиот директор на „Дрисла“ .

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ