четврток, декември 19, 2024
домаПОЛИТИКАМакедонија61 година од земјотресот во Скопје, сеќавање на жртвите

61 година од земјотресот во Скопје, сеќавање на жртвите

Со положување цвеќе делегации од Собранието и град Скопје денеска оддадоа почит во сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес, што пред 61 година го остави Скопје во урнатини. На 26-ти јули 1963 година, во пет часот и 17 минути наутро Скопје го погоди катастрофален земјотрес со интензитет од девет степени според Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала) кој траел 20 секунди.

Разорниот земјотрес однесе 1.070 животи, биле повредени над 4.000 лица, разурнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над глава. Помош за „градот на солидарноста“ испратиле 87 нации од светот за Скопје да се изгради повторно.  

Делегација на Собранието, предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, во состав: Сергеј Попов, Митко Трајчулески, Дијана Тоска, Даниела Белимова и Амар Мециновиќ, по повод 61-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, положи венец свежо цвеќе на Градските гробишта Бутел.

И делегација предводена од Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, оддаде почит во сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес. Скопјани секогаш со тага се сеќаваат на овој немил настан, но и на меѓународната хуманост и солидарност на сите кои помогнаа и учествуваа во повторната изградба на градот.

Во рамките на одбележувањето ќе се одржат првиот интернационално традиционален поетски фестивал ЗАЕДНО ЗА СКОПЈЕ посветен на земјотресот на кој учествуваат 130 поети од 40 држави.

Во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „КУЛТУРНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО СКОПЈЕ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО 1963 ГОДИНА“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ