вторник, ноември 19, 2024
домаЖивотЖивотна срединаГраѓаните бараат климатска правда

Граѓаните бараат климатска правда

Педесет илјада активисти од цел свет маршираа по улиците на Мадрид со барање за превземање итни мерки за намалување на ефектите од климатските промени...Ова е еден од најголемите маршеви организиран било кога, кој меѓу другото испрати порака до политичарите дека е време за промени и климатска правда...

 

(Од нашиот специјален известувач од Мадрид, Наташа Доковска)

 

Илјадници активисти од целиот свет денес се собраа на улиците на Мадрид и Сантијаго, барајќи светските лидери кои учествуваат на Самитот за климатски промени, COP 25 да преземат итна акција против климатските промени.
Главниот протест се одржува вечерва на улиците на Мадрид за време на конференцијата на ООН за климатски конференции COP 25, а што се одржува во градот од 2 до 13 декември, откако претседателот на Чиле на само неколку недели пред почетокот на истиот одби Сантиаго де Чиле да биде домаќин поради немирите во државата.

На протестот наречен „Конфронтирани со климатската криза, светски освестени“, му се придружи и шведската активистка, 16- годишната Грета Тунберг, која утрово со ноќниот воз од Лисабон стаса на Самитот и учествуваше во кусиот настап со група младинци во првата сала на Саемот, IFEMA, Feria de Madrid, местото каде што се одржува конференцијата. Грета, уште на железничката станица беше пречекена од стотици папараци и новинари во обид да даде изјава, но младата активистка одби да го стори тоа, па дури и за време на маршот даде само куса изјава, но и не учествуваше на истиот.


16-годишната активистка го привлече своето внимание особено по самитот на ООН за климата во Њујорк, каде пристигна со едрилица и се врати во Европа со катамаран за да избегне користење на авионите.

Планетата сега е потопла за околу еден степен во споредба со прединдустриското време. Меѓутоа, доколку температурите продолжат да растат со сегашното темпо, како резултат на емисиите на стакленички гасови, ќе се постигне праг од 1,5 степени (утврден во Парискиот договор) меѓу 2030 и 2052 година.
Секој половина степен го зголемува интензитетот и / или зачестеноста на метеоролошките катастрофи како што се топлинскиот удар, невремето, сушите и поплавите. Емисиите на CO2 пораснаа во просек за 1,5 проценти на годишно ниво во последните десет години и нема знаци на забавување.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ