Гугл сподели податоци за движењата на луѓето од вонредната состојба. Користени се анонимни податоци на корисници што дале дозвола на Google да се следи нивната локација. Врз основа на овие податоци, може да се забележи дека драстично се намалиле навиките на граѓаните на Македонија во деновите од како е прогласена пандемија и се воведени мерки на вонредна состојба.
Имено, во период од први до петти април, граѓаните на Македонија за 78 отсто го намалиле движењето кон ресторани, кафулиња, трговски центри, тематски паркови, музеи, библиотеки, кина и кина.
За 41 отсто помалку оделе во набавка на храна, на пазар, во специјализирани продавници за храна, продавници за лекови, и аптеки.
Според податоците на Google, за 65 отсто е намалено движењето на граѓаните кон јавни места како градски паркови, јавни плажи, паркови за кучиња, и јавни градини.
Намалено движење е регистрирани и на местата за јавен превоз: автобуски станици железнички сообраќај, и тоа за 75 отсто помалку, а 54 отсто од вработените одлучиле да работат од дома.
Единствем тренд на покачување на мапата на движење, и тоа од 19 отсто, е трендот на мобилност кон местата на живеење.
Ова покажува дека во најголема мерка сме ги почитувале мерките на Владата за справување со вирусот. За разлика од нас, во Бугарија, каде во истиот период имаше мерки за справување со пандемијата, за 66 отсто било намалено одењето во ресторани, а 36 отсто во аптеки. Во Грција, пак, посетата на рестораните била намалена за 85 отсто.
Посетата на парковите и јавните места во Босна и Херцеговина била намалена само за 17 отсто, во Грција пак за 80 отсто, додека Бугарите за 32 отсто од претходно го намалиле шетањето во природа.
Н.Доковска