Ако не знаете како да им го пополните времето на децата во деновиве на карантин, приватната градинка „Светот на колорес“ мисли и на тоа. И не само за децата од нејзината градинка, туку за сите дечиња кои сакаат да слушаат бајки. На нивната страна на фејсбук објавија дека сихронизирале и превеле на македонски јазик детски бајки и им ги ставаат на располагање на децата – ем да учат, ем да се забавуваат!
Во споделената информација се вели:
„Со цел да го збогатиме секојдневието на децата, како и да им ги доближиме приказните и светот на бајките, изработивме различни приказни со аудио поддршка на Македонски јазик.“
Линкот на кој можете да ги слушате бајките со вашите деца е следниот
https://www.facebook.com/Svetot-na-Kolores-private-kinder-preschool-1042346315815158/.
Уживајте со децата!
Н.Д.