Родители, искористете го овој период да поминете квалитетно време со вашите деца. Во продолжение неколку едукативни и забавни содржини.
Министерството за здравство на својата фејсбук страница објави линкови за онлајн едукација и забава за деца.
Отворете ги овие линкови и забавувајте се со децата:
http://www.eduino.gov.mk/ – Едуино: едукативна интернет платформа каде може да се користат и преземат материјали, игри и активности за деца од предучилишно и основно образование.
http://oer.mk/ – Отворени образовни ресурси: платформа за наставници со едукативни материјали за деца.
https://bit.ly/2yYA2bh – Мисли еднакво: програма со сликовници за градинки наменета за развој на емпатија, љубезност, самодоверба, истрајност, критичко размислување, разрешување конфликти, самопочитување, комуникација, самосвест и други вредности.
https://issuu.com/unicefmk – Дружината Мела: сликовници за деца на предучилишна и училишна возраст.
https://storyweaver.org.in/translate – Story Weaver: дигитална платформа за приказни за деца со можност за превод.
https://www.duolingo.com/ – Duolingo: Апликација за учење јазици достапна преку мобилен телефон и компјутер.
AgeofLearning: интернет портали за писменост и учење математика со внесување на лозинката AOFLUNICEF за бесплатен пристап на следните портали:
– https://www.abcmouse.com/redeem
– https://www.adventureacademy.com/redeem/
– https://www.readingiq.com/redeem/
http://www.cinesquare.net/#/kidsquare – KidSqare: платформа со 40 филмови за деца и адолесценти. Потребно е само да се регистрирате со ваша е-пошта и лозинка веб страната или на Андроид-апликацијата Cinesquare, каде наместо да платите го внесувате кодот: GFF_Kids.
Погледнете повеќе алатки и препораки од психологот Иво Куновски за периодот со ограничено движење 👉
zdravstvo.gov.mk/preporaki-i-alatki-pri-ogranicheno-dvizhe…/