Жителите на Аеродром и станарите на комплексот „Џевахир скај сити“ овој празничен викенд ќе можат да уживаат од своите домови во музички настап во живо. На настанот ќе учествуваат Наде Талевска и Горан Наумовски, Trinity Strings и DJ Todoroff, што ќе се одржи на покривот на една од висококатниците.
Приклучете ни се на вашите балкони или како што најавуваат од општината на видеопреносот на ФБ-страницата на Општина Аеродром и поминете ја вечерта во заедничка дружба… Одвоени, а сепак заедно!
Н.Д.