четврток, ноември 28, 2024
домаЖивотКолку е смртоносен воспалениот синдром што ги напаѓа децата?

Колку е смртоносен воспалениот синдром што ги напаѓа децата?

Околу 230 деца во Европа досега се заразиле со новиот воспалителен синдром поврзан со Ковид 19, а две деца починале, соопшти Европскиот центар за контрола и превенција на болести.

Едно дете починало во Велика Британија, а друго во Франција како резултат на оваа болест.

Светската здравствена организација вчера објави дека необјаснивиот синдром на повеќе воспаленија што ги погодува децата мора да биде испитан итно и многу внимателно. Симптомите на воспалителен синдром се треска, вознемиреност на стомакот, осип, проблеми со срцето. Според првичната дефиниција на СЗО, синдромот е почест за време на тековната пандемија, но се јавува и кај деца кои не се позитивни на Ковид 19.

– Засега, многу малку знаеме за овој синдром на воспаление – рече епидемиологот на СЗО, Марија ван Керкове.

Но, многу лекари велат дека тешкиот „воспалителен синдром“ се повеќе се разликува од болеста кавасаки. Имено, пет деца во Њујорк наводно починале од „воспалителниот синдром“, а педијатрите веруваат дека тешката воспалителна состојба е предизвикана од вирусот корона. Синдромот, за прв пат пријавен во Лондон, се споредува со други автоимуни заболувања како што се Кавасаки болест (ЦД) и синдром на токсичен шок (ТСС).

Сепак, многу лекари велат дека воспалителниот синдром се повеќе се разликува од споменатите автоимуни заболувања.

– Верувам дека тоа е различен здравствен проблем, различен синдром кој не е типичен за заболувањето кавасаки. Овој синдром има неколку карактеристики слични на кавасаки, но и други карактеристики кои се многу различни – вели д-р Стенфорд Шулман, професор по педијатрија на северозападниот универзитет.

Иако досега се пријавени повеќето случаи во Њујорк, лекарите во Бостон, Филаделфија, Лос Анџелес и Чикаго велат дека забележале и сомнителни случаи. Досега, педијатрите известуваат дека пациентите добро реагираат на третманот и дека повеќето постигнуваат целосно закрепнување.

Многу деца биле тестирани позитивно на антителата на вирусот корона, што укажува на тоа дека тие се заразиле со вирусот неколку недели пред и закрепнале. Со оглед на таа временска рамка, експертите веруваат дека повеќе случаи ќе се појават во други земји во наредните недели.

Два клучни симптоми се треска и гастроинтестинално вознемирување
Д-р Шулман вели дека една од најголемите разлики помеѓу овој синдром и Кавасаки болеста е широкиот спектар на гастроинтестинални симптоми.

– Најчестите симптоми со кои се соочуваат пациентите се болки во стомакот и дијареја, кои се многу невообичаени кај деца со синдром Кавасаки. Друг очигледен симптом е температурата над 38 Целзиусови степени. Ако детето развие висока температура, силна болка во стомакот, со или без дијареја или повраќање и изгледа навистина болно, треба да оди во просторијата за итни случаи што е можно поскоро. Други симптоми на што треба да внимавате се осип, конјунктивитис и останување без здив, објаснува американскиот стручњак.

Шокот може да предизвика смрт
Педијатарот Стивен Кирни, исто така, забележал голем број случаи на воспалителен синдром кај деца и вели дека, покрај болки во стомакот и висока температура, родителите треба да внимаваат на симптомите на шок, како што се леплива кожа и брзо чукање на срцето.
Шокот е дефиниран како „ненадеен пад на протокот на крв“ што го намалува снабдувањето со кислород и крв во органите. Оваа реакција е повеќе во согласност со синдромот на токсичен шок, кој е предизвикан од бактериска инфекција, отколку Кавасаки болест.

На прес-конференцијата, здравствените власти во Њујорк изјавија дека виделе докази дека шокот кај овие пациенти предизвикал „повеќекратна слабост на органите“. Тие забележуваат дека ако се препознае рано, шокот може да се излечи – и дека, доколку се лекува рано, долгорочните ефекти веројатно ќе бидат „доста занемарливи“.

Синдромот не е заразен
Лекарите Кирни и Шулман се согласуваат дека синдромот во основа е „силно воспаление“ во организмот. Додека Covid-19 е многу лесен за пренесување на други лица, Кирни вели дека овој синдром не е пренослив.

– Не е заразен. Иако сега имаме голем број случаи, досега успеавме да видиме примери како се појавуваат разни болести по некоја вирусна инфекција, како што е Кавасаки. Верувам дека и овој воспалителен синдром се јавува токму затоа што огромен број деца биле изложени на вирусот корона – посочува педијатарот Сривен Керни.

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ