среда, ноември 27, 2024
домаЖивотГолем број на новозаразени -62, најмногу во Скопје, по што следи Штип

Голем број на новозаразени -62, најмногу во Скопје, по што следи Штип

Од Институтот за јавно здравје информираат дека во последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани 62 нови случаи на ковид-19. Најмногу новозаразени има во Скопје-24, пошто следи Штип со 14, па Тетово со 12 новозаразени, Струга 4, Гостивар 3, Куманово 2 и со по еден новозаразено лице во Велес, Кочани и Валандово.
Во последниве 24 часа регистрирани се и два смртни случаи.  Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (60г.) примен во болницата на 22 мај. Евидентиран е пациент од Гостивар (64г.) примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти и тоа мајмногу во Тетово – 9 пациенти, во Скопје 5 и по еден пациент во Куманово, Битола и Гостивар.

Досега во земјата се направени вкупно 29575 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега во рамките на скринингот се направени 3723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2226, бројката на оздравени пациенти е 1552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ