Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција информира дека има 13 заразени здравствени работници. Регистрирани се 11 заразени во ГОБ „8 септември“,како и двајца во гинеколошко – акушерската клиника.
Филпче информираше дека е договорен начинот на тестирање на луѓето кои со нив биле во контакт. Според Филипче сите вработени носеле заштитна опрема.
Н.Д.