вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотВирусот не запира, на листата и Ресен, починаа седум лица

Вирусот не запира, на листата и Ресен, починаа седум лица

Во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19.  Скопје е повторно со најголем број на новозаразени – 89, а за првпат од започнување на пандемијата има еден заболен и во Ресен. Бројот на новозаразени е:

– Куманово 4
– Штип 2
– Прилеп 2
– Тетово 11
– Струга 3
– Велес 1
– Охрид 8
– Гостивар 1
– Струмица 2
– Кичево 1
– Ресен 1

Во изминатово деноноќие починаа се 7 пацинери и тоа четворица на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79г) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66г) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54г) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46г) која починала при прием во амбулантата. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73г.) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти и тоа по еден во Скопје и Прилеп и шетри пациенти во Велес 4.

Досега во земјата се направени вкупно 39033 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3364, бројката на оздравени пациенти е 1664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1536.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ