Министерот Филипче на денешната прес конференција рече дека монтажната болница со корисна површина од повеќе од 1.000 квадратни метри, каде се сместени простории за 70 болнички кревети и е сместена до Инфективната клиника стои на располагање и ќе биде употребена веднаш штом се појави потреба за користење на овој простор.
Но, според онака како што стојат работите во моментот, капацитетите на болниците веќе го надминува лимитот, а и персоналот е преполовен, што поради то што се позитивни на вирусот, што поради тоа што се испратени во самоизлоација.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека има доволно кревети во здравствените установи, затоа што и покрај зголемениот број на новозаболени од КОВИД-19, само 14 проценти од нив се хоспитализирани, а 86 проценти се асимптоматски или имаат лесна клиничка слика. На инфективните одделенија во земјава вкупно хоспитализирани се 318 пациенти.
Во Градската општа болница „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 113, а на Инфективната клиника 95 пациенти. Во „8 Септември на респираторна машина се 10, а со потешка клиничка слика се уште 21 пациент. На Инфективната клиника на кислородна поддршка се 37 пациенти, но нема ниту еден на респиратор
Денеска, без претходна најава не се прифаќаат ниту пациентите за дијализа, кои се дислоцирани во други два дијализни центри.
Н.С.