вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотСо Одлука на Влада дозволено лекување од корона и во приватните болници,...

Со Одлука на Влада дозволено лекување од корона и во приватните болници, но под посебни услови

Владата на Република Северна Македонија на денешната 69-та седница ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба. Согласно оваа Одлука отсега и приватните здравствени установи, во рамките на вршењето на дејноста за интензивна нега и терапија, ќе можат да укажуваат здравствени услуги и за заразната болест коронавирус КОВИД-19. Но, станува збор за пациентите примени во установата кај кои во текот на укажувањето на здравствените услуги за дијагностицирање, лекување, третман, нега и рехабилитација во установата е утврдено присуство на причинителот Sars-Cov-2 вирус за заразната болест КОВИД-19.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ