По предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата на вечерашната седници донесе решение за родителите на кои им заврши породилното отсуство по отпочнување на времените мерки, од 11.03.2020 година, а пред почнување на вонредната состојба на 17.03.2020 година, а за кој проблем ТЕХТ.МК пишуваше повеќепати. Владата го прифати предлогот од МТСП и со приложување на лична писмена изјава до работодавачите покрај добиена потврда од матичен гинеколог, родителите ќе го правдаат отсуството од работа за оваа категорија лица и нивното отсуство од работа ќе се смета за оправдано. Надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот КОВИД-19.
Според мајките кои неколку месеци бараа решение за нивниот проблем, станува збор за 50 родители.
Н.Доковска