Според Министерството за здравство (МЗ) во изминатото деноноќие се регистрирани 115 нови случаи на Ковид-19, починале седум лица, а 40 пациенти оздравеле. Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања кои регистрирале 53 новозаразени во Скопје, 13 во Струга, по 8 во Охрид и Тетово, 6 нови случаи во Прилеп и Дебар, Гостивар 5, Кичево и Куманово имаат по 4 новозаразени, Штип 3, Ресен 2, а по 1 нов случај е регистрирано во Велес, Пробиштип и Свети Николе
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години, додека во ГОБ „8 септември“ починале пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години. На листата на починати е и докторот Арификмет Деари, уролог од Тетово. Деари е првиот лекар кој почина од компликации на коронавирусот во земјата. Тој бил хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на Ковид-19. По 15 дена болничко лекување ја загуби битката со болеста.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 7046, бројката на оздравени пациенти е 3027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3678.
„На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 92 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на Министерството за здравство.
А.Н.