понеделник, јануари 20, 2025
домаНасловнаАтина: Турција да биде санкционирана поради одлуката за Аја Софија

Атина: Турција да биде санкционирана поради одлуката за Аја Софија

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас денеска во интервју за телевизијата СКАИ рече дека „Грција ќе стори сé што е во нејзина моќ“ за турските власти да ги сносат последиците од одлуката да ја претворат Аја Софија, споменик заштитен од УНЕСКО, во исламско место за богослужба, пренесе грчаката национална агенција АНА.

Пецас оцени дека одлуката на турскиот претседател Ердоган има меѓународна тежина и дека „злосторничкото однесување и нанесените навреди ќе имаат соодветен, реципрочен одговор“.

Претставникот на грчката влада посочи дека „Ердоган направи историска грешка и јаз што мора да се премости“.

„Секој што ги крши меѓународните регулативи и закони со девијантно однесување, ќе претрпи штетни последици“, предупреди Стелиос Пецас.

Во меѓувреме, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис започна серија меѓународни контакти во врска со одлуката на турските власти да ја претворат Аја Софија во исламско место за богослужба. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ