понеделник, јануари 20, 2025
домаНасловнаДрама во Британија: Авион принудно слета поради порака за бомба во тоалетот

Драма во Британија: Авион принудно слета поради порака за бомба во тоалетот

Авион на летот на компанијата Рајанер од Краков кон Даблин бил принуден да слета, откако во тоалетот била пронајдена порака за поставена бомба.

Авионот слетал на аеродромот во британскиот град Стенстед, каде полицијата извршила претрес, но не е пронајден сомнителен предмет.

Според ББС, двајца мажи биле уапсени под сомнение за лажни закани за загрозување на авионот. Полицијата потврди дека сите патници биле евакуирани безбедно. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ