понеделник, јануари 20, 2025
домаНасловнаДИК ги објави конечните изборни резултати, доделени уверенијата на новите пратеници

ДИК ги објави конечните изборни резултати, доделени уверенијата на новите пратеници

На јавна седница Државната изборна комисија денеска ги објави конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори, точно десет дена по изборите,

Нема промени во бројките за идните пратеници во Собранието, по одбиените приговори на партиите, прво од ДИК, па од Управниот суд, па така коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ има 46 мандати,  коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 44, ДУИ  – 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива  – 12, Левица – 2 а ДПА има 1 мандат.

Од ДИК оценија дека изборите поминале во најдобар ред и без поголеми инциденти, и покрај предизвикот и специфичните услови поради корона вирусот.

Денеска се врачија и уверенијата за мандатите на ново избраните пратеници, а лично ги подигнаа само десетина пратеници од ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ испратија овластени претставници да ги подигнат уверенијата, од Алијанса за Албанците се појави претставник, но бидејќи немаше овластување, не му беа дадени уверенијата, а пратениците од Левица и ДПА не дојдоа на свечената седница.А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ