Цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми за 7,42 отсто и ќе чини околу 5,9 денари за еден киловат скапа тарифа и 2,9 денари за евтина тарифа, соопшти денеска на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.
Како што рече претседателот на РКЕ, Бислимоски, цената на електричната енергија за сите потрошувачи на регулираниот пазар ќе се зголеми за 7.4% заради намалените приходи, пред се од извозните компоненти.
Како што посочи, иако се свесни дека одлуката ќе влијае кон сите крајни потрошувачи, сепак на месечна сметка од 1.500 денари ќе има околу 100 денари зголемување, а еден од начините за надминување на ситуацијата со повисоката цена на електричната енергија според него е зголемување на субвенциите за ранливи категории на потрошувачите.
Тој посочи дека нема да има укинување на евтината тарифа. А.Р.