понеделник, јануари 20, 2025
домаНасловнаОтровна материја во телото на Навални, опасност за сите што се блиску...

Отровна материја во телото на Навални, опасност за сите што се блиску до него

Во организмот на Навални откриле опасна супстанција, што не само што претставува опасност за него, туку и за неговата околина. Ова го изјави Иван Жданов директорот на Антикорупцискиот фонд, чиј основач е рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Тој се повика на информациите што ги добил од претставниците на сообраќајната полиција.

Лидерот на руската опозиција Алексеј Навални од вчера е на одделот за интензивна нега на сибирската болница без свест и на респиратор, откако се почувствувал лошо на летот од сибирскиот град Томск кон Москва. Сомнежите се дека најверојатно бил затруен со непозната супстанција во чајот кој го конзумирал.

Според Жданов, кога е запрашано да се објасни за каква супстанција станува збор, полициската претставничка рекла дека тоа е „тајна на истрагата, дека не може да каже и дека станува збор за смртоносна супстанција, поради што сите околу пациентот ќе треба да носат заштитни костуми“, пренесува порталот Спутник.

Жданов исто така рече дека не знае за која супстанција станува збор.

Како што се наведува, сообраќајната полиција и лекарите досега не ги коментирале овие информации. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ