Туристичката организација на Женева одлучи да им помогне на туристите кои се одлучиле да го посетат овој град, да заштедат дел од својот буџет за време на нивниот престој. За таа цел секој турист што ќе се пријави во хотел во Женева ќе добие картичка за подарок во вредност од 100 швајцарски франци, пренесува порталот за туризам htr.ch.
Ваучерот може да се користи во ресторани, барови, музеи и за други атракции.
Туристичката организација ги потсетува туристите дека можат да уживаат во чоколадни задоволства (има причина зошто швајцарското чоколадо се смета за едно од најдобрите), или можат да се релаксираат на плажа покрај езерото и да посетуваат музеи.
Важно е да се напомене дека ваучерот важи само ако престојувате најмалку две ноќи во градот, а може да се искористи до 31 декември 2020 година.
Н.Д.