понеделник, јануари 20, 2025
домаНасловнаСоработници на рускиот опозиционер Навални тврдат дека бил отруен во хотел, а...

Соработници на рускиот опозиционер Навални тврдат дека бил отруен во хотел, а не на аеродром

Рускиот опозиционер и блогер Алексеј Навални е отруен со шише вода во соба на хотел во сибирскиот град Томск, а не на тамошниот аеродром, како што претходно се мислеше, соопшти тимот на негови соработници во објава на социјалната мрежа „Инстаграм“.

На Навални му се слоши минатиот месец за време на авионски лет во Русија, по што беше итно пренесен во Германија на лекување.

Германски експерти тврдат дека Навални бил отруен со руски нервен агенс од типот „новичок“, додека Москва тврди дека не видела докази дека се работи за труење, потсетува Ројтерс. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ