среда, ноември 20, 2024
домаЖивотГлавната сестра и две нејзини колешки си дадоа отказ од Инфективна клиника

Главната сестра и две нејзини колешки си дадоа отказ од Инфективна клиника

Доктор Ненад Лзараов со објавата на неговиот фејсбук профил за отказот на три медицински сестри, ги потврди зборувањата што од вчера беа тема број еден на Инфективната клиника. Имено, вчера се говореше дека две сестри си дале отказ од работа, додека денеска стана веста дека отказ си дала и главната сестра на оваа клиника, која патем таму работи 28 годиниа.
Доктор Лазаров на неговиот профил објави слики од скенираните откази на мединските сестри и напиша – главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат отказ во еден акт.Причините ќе оставам да ги кажат надлежните, сестрите си кажале, ова е сериозна загуба за системот во многу лошо време…“
За причината за отказот денеска молчат и директорката на Инфективна, но и министерот Филипче, кој колку само за потсетување вчера како госин ан Топ Тема говореше и како ќе ги мотивира докторите да не си заминат од Клиника. Но, за разлика за докторите не спомна ништо за другиот персонал што можеби ја прелило чашата. Незадоволството кај медицинските сестри веќе подолг период е присутно, а со избувнување на пандемијата се чини дека условите во кои работат станаа неподносливи и ги тераат тие една по една да си заминуваат. Но, прашање е дали имаат каде, бидејќи како што може да се слушне голем дел на медински лица си заминуваат и од приватните болница, каде тврдат дека условите за работа се лоши, но од една друга перспектива – нехумани односи за работа.
Н.Д.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ