Министерката за образование и наука за време на денешната посета на Битола изјави дека зимскиот распуст за учениците ќе почне согласно календарот објавен од Бирото за развој на образованието и ќе се реализира исто како и минатите години. Според Царовска распустот ќе биде во јануари, односно второто полугодие за сите ученици ќе почне на 21 јануари.

Царовска објасни дека во периодот до 20 ноември ќе заврши првото тромесечие и ќе се формираат оценки, а до крајот на годината ќе заврши второто тромесечие и со тоа стави крај на дезинформациите дека распустот ќе запчне на 1 декемрви, а ќе заврши на 1 февруари.

Ал.Н.