четврток, ноември 21, 2024
домаЖивотСоцијална политикаОд корона почина осудениот гинеколог Дамчевски

Од корона почина осудениот гинеколог Дамчевски

На 47 години во Софија, почина некогашмиот гинеколог Николче Дамчевски како последица на корона вирусот. Само колку за потсетување тој беше осуден на затворска казна од две години бидејќи лажел пациентка дека е бремена. По пресудата тој успеа  да избега во Бугарија, каде извесен период работеше во болницата „Мајчин дом“ во Софија.

Лекарската комора му ја одзема лиценцата на седум години, а откако за тоа разбрале во Бугарија му дале отказ и од тоа работно место. Но, Димчевски кој имаше и бугарско државјанство остана да живее во Бугарија.

Тој своевремено работеше во неколку приватни болници во Македонија.    Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ