среда, ноември 20, 2024
домаЖивотВо последното деноноќие 883 новозаразени, 29 починати и 536 оздравени пациенти

Во последното деноноќие 883 новозаразени, 29 починати и 536 оздравени пациенти

Во последните 24 часа се направени 2827 тестирања, а регистрирани се 883 нови случаи на Ковид-19.
Во болнички услови починати се 29 лица, дванаесет пациенти од Скопје (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64г.), два пациенти од Куманово (63 и 82г.), три пациенти од Прилеп (76, 67 и 87г.), двајца од Тетово (65 и 72г.), пациент од Струга (81г.), двајца од Велес (77 и 80г.), два пациенти од Битола (64 и 65г.), двајца од Гостивар (63 и 74г.), пациент од Валандово (83г.) и двајца од Кичево (78 и 73г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 536 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 376.565 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77134, бројката на оздравени пациенти е 52949, на починати е 2254, а бројот на активни случаи изнесува 21931.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ