среда, ноември 20, 2024
домаЖивотЗдравјеВо последното деноноќие 26 лица ја загубија битката со КОВИД19

Во последното деноноќие 26 лица ја загубија битката со КОВИД19

Во последните 24 часа се направени 1892 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи на Ковид-19.

Починати се 26 лица, девет пациенти од Скопје (69, 58, 71, 60, 49, 74, 44, 66 и 89г), двајца од Куманово (60 и 46г), еден од Штип (61г), тројца од Прилеп (72, 88 и 63г), еден од Струга (69г), двајца од Велес (61 и 72г), двајца од Битола (52 и 75г), еден пациент од Охрид (84г), еден од Гостивар (54г), еден од Струмица (71г), еден од Берово (79г), еден од Делчево (66г) и еден пациент од Кичево (51г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациенти од. Досега во земјата се направени вкупно 390.377 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80896, бројката на оздравени пациенти е 58182, на починати е 2401, а бројот на активни случаи изнесува 20313.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ