недела, ноември 24, 2024
домаЖивотЗдравјеБројките и денеска пониски, не почитување на мерките за заштита ќе се...

Бројките и денеска пониски, не почитување на мерките за заштита ќе се следи и по дојава

Во последните 24 часа се направени 700 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19 или 11 оттсо од тестираните, што е убедливо далеку под дневната стаститика последниве месеци.
Починати се 11 лица, двајца пациенти од Скопје (85 и 75г.), еден пациент од Велес (62г.), двајца од Битола (64 и 74г.), еден од Кавадарци (71г.),од Гостивар (85г.), од ПЕ Гевгелија/ Богданци (64г), пациент од Струмица (58г.), еден од Крива Паланка (61г.) и еден пациент од Радовиш (70г.). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 419 оздравени пациенти
Досега во земјата се направени вкупно 394.329 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81804, бројката на оздравени пациенти е 59650, на починати е 2456, а бројот на активни случаи изнесува 19698.
Имајќи ги во предвид новиот тренд на намалување на ширење на инфекцијата, а во пресрет на новогодишните празници, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги повика граѓаните на одговорно славење. Тој ја информира јавноста дека МВР денеска ќе отвори анонимен бесплатен телефонски број 0800-00-201 на кој граѓаните ќе можат да пријавуваат организирани настани и прослави.А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ