домаВо хотелите низ Бугарија забранети прославите за Нова Година

Во хотелите низ Бугарија забранети прославите за Нова Година

Свеченоста ќе заврши во 22 часот, оброците ќе бидат според распоредот

Дали има туристи во одморалиштата низ Бугариај и дали гостите се подготвени да ја дочекаат Новата година во своите соби, се прашуваат бигарските хотелиери? Ненадеен крај на празничната вечера во 22.00 часот – е најголемиот предизвик за сите во новогодишната ноќ. Отсега па натаму, хотелите размислуваат како најдобро да ја завршат вечерата на своите гости два часа пред полноќ кога е време за шампањ.

Македонските граѓани кои и покрај корона предизвикот се одлучиле да заминат на дочек на Нова Годиан во соседна Бугарија треба да знаат дека по хотелските забави се забранети, а вечерата ќе се служи до 22 часот. Максимум шест лица ќе можат да седат на една маса во ресторан. И повторно, растојанието меѓу нив ќе треба да се одржи.

Гостите во хотелите треба однапред да бидат свесни дека за новогодишната ноќ единствено што е дозволено во рестораните ќе бидат оброците. Бројот на туристи во Банско во моментов е критично мал. Деловните пресметки покажуваат дека зафатеноста на хотелите е околу 10-15 проценти, а издатоците што ги имаат хотелите, дури и ако се затворени, достигнува 3-4 илјади лева месечно, додаваат сопстевниците на хотели во Бугарија.                                               Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ