четврток, ноември 21, 2024
домаЖивотСоцијална политикаПИОМ станува партнер на граѓанските организации

ПИОМ станува партнер на граѓанските организации

В.д. директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија, Билјана Јовановска, потпиша два Меморандуми за соработка. Едниот со Црвениот крст на Р. Северна Македонија, застапуван од генералниот секретар, д-р Саит Саити, и другиот со Зекир Абдулов од Граѓанската организација КХАМ од Делчево.
Целта на склучувањето на Меморандумот со Црвениот крст е преку взаемна соработка и помош да се обезбеди реализација на програмите од областа на крводарителството, првата помош, како и социјално – хуманитарната дејност, а во насока на потребите на пензионерите.

Потпишан Меморандум за соработка со ГО, КХАМ: Билјана Јовановска и Зекир Абдулов

Соработката со ГО КХАМ е заснована на взаемна соработка и помош помеѓу договорените страни, да се овозможи навремено и ефикасно информирање на корисниците на пензија, како и пружање на правна помош на идните пензионери.
Сите активности кои се предвидени со овие Договори се на доброволно основа.
Ова е досега прва активност на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија склучена со граѓански организации, со што Фондот ја потврдува својата улога на општествено одговорна институција која се грижи за нејзините корисници.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ