домаЖивотВладата информира дека првите дози од Фајзер пристигаат во февруари

Владата информира дека првите дози од Фајзер пристигаат во февруари

Владините служби информираат дека Република Северна Македонија во февруари ќе ги добие првите дози на Фајзер вакцината. Денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата, а количината ќе биде позната во текот на следните недели, се вели во информацијата на Владата.

Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Министерството информира дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ