Од денска учениците од основните и средните училишта се на зимски распуст кој ќе трае до 20 јануари. Второто полугодие продолжува на 21 јануари, и тоа по веќе договорениот начин на следење на наставата – со физичко присуство во училишните клупи или онлајн.
Зимскиот распуст е во период како и во минатите години и, иако имаше барања, не беше предвремен затоа што повеќето од вкупниот број ученици во земјава наставата ја следат онлајн, а кај оние со физичко присуство, како што информираше МОН, заразени ученици и наставници има под еден процент и училиштата не се преносители на вирусот.
Само колку за потсетување првото полугодие траеше пократко, три месеци, зашто согласно со измените на Календарот за организација на работата на училиштата (основни и средни), а како последица на пандемијата, учебната година почна еден месец подоцна, односно на 1 октомври. А.Н.