Во последните 24 часа се направени 1619 тестирања, а регистрирани се 414 нови случаи на ковид-19.
Починати се 7 лица, тројца пациенти од Скопје (81, 69 и 63г), еден од Велес (79г), еден од Битола (70г), еден од Охрид (53г) и еден пациент од Кочани (63г).Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 496 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 402.444 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83743, бројката на оздравени пациенти е 61943, на починати е 2510, а бројот на активни случаи изнесува 19290. А.Н.