Како што јавуваат грчките медиуми, во Грција од денес па наредните седум дена ќе се спроведува полициски час. Затворени ќе бидат фризерските салони, книжарниците и некои одредени продавници, а се со цел да се стави контрола на пандемијата за да може училиштата да продолжат со директна настава на 11 јануари.
Полицискиот час ќе се спроведува од 21 часот до 05:00 часот следниот ден.
Верски празници ќе се прославуваат само во кругот на семјеството, црквите нема да ги одржуваат литургиите со присуство на јавноста, а празникот Богојавление на 6 јануари ќе се одржува без публика. Н.Д.