среда, ноември 20, 2024
домаЖивотЗдравјеИвермектинот се уште го нема во аптеките, а нема нигде ни клексан

Ивермектинот се уште го нема во аптеките, а нема нигде ни клексан

Социјалните мрежи се полни со барања за клексан и ивермектин лекови кои се користат во третирање на последиците од корона вирусот. И додека за клексанот се нуди замена како xeraltto, лек кој не е на позитивната листа, а чини 3800 денари кутија за еден месец, како замена за ивермектинот се нуди фавиковир по цена од 4283 денари.

По најавате дека од денеска ивермектин лекот ќе може да се најде и во аптеките низ Скопје, ТЕХТ.МК контактираше аптеки од повеќе компании, но во ниедна бараниот лек не е дојден. Аптекарите најавуваат дека лекот се очекува во секој момент да се најде во нивните аптеки, но никој не сакаше да ја каже цената. Од неколку аптеки како замена нудат фавиковир по цена од 4283 денари, бидејќи лекот не е на позитивната листа. Исто така потенцираат дека ниту фавикорот, ниту ивермектинот ќе можат да се купат без рецепт.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ