Според податоците на Центарот за контрола и превенција на болести на ФДА во Соединетите држави, повеќе од 272.000 лица биле вакцинирани со вакцината Фајзер до саботата наутро, од кои само кај 6 лица се појавиле сериозни алергиски реакции. Овие случаи се пријавени до петокот вечерта, а здравствените работници ги следат реакциите од вакцината кај луѓето кои биле вакцинирани.
Поради алергиска реакција, неопходна е медицинска нега за 1,5 процент од вакциниранире
Здравствените власти на САД истакнаа дека сите случаи на алергиска реакција се случиле во препорачаното време на набљудување и очекуваат реакција и биле итно третирани. Меѓу првите 215.000 лица вакцинирани во Соединетите држави, помалку од 1,5 проценти имале проблеми за кои е потребна медицинска нега или не биле во можност да вршат нормални активности по инјектирањето на вакцината.
Болниците го одложуваат вакцинирањето на персоналот
Многу вакцини можат да предизвикаат привремена непријатност, како што се болка во раката или симптоми слични на грип. Вакцините против Covid 19 имаат повеќе такви симптоми отколку вакцините против грип. Поради овие случаи, некои болници почнаа да го одложуваат вакцинирањето на вработените за да избегнат проблеми со персоналот. Н.Д.