Како што јавуваат хрватските медиуми попладнево нешто по 18 часот нов земејотрес ја стресе Хрватска. Според првите информации, земјотресот, кој силно се почувствувал во Сисак, Петриња, Велика Горица и Загреб, бил со јачина од 5 степени според Рихтер. Епицентарот бил во близина на Сисак.
Во Петриња, луѓето трчаа од своите домови до улицата. Се слушаат сирени – јавува 24сата.
Нема информации за евентуални жртви и повредени во новиот потрес, кој траел околу 10 секунди и се почувстувал и во Босна и Херцеговина.. Првично медиумите објавија дека јачина на потресот бил 5,3 степени, но потоа се коригираа потврдувајќи дека силината на потресот бил 5 степени.
Во земјотресот од 6,2 Рихтерови степени, кој го погоди регионот минатата недела, загинаа седум лица, а околу 9 илјади објекти беа уништени. Н.Д.

